Fecky Farris@Opening party Sector 909

Вашиот омилен клуб се враќа на сцена. Сектор 909 ја враќа магијата во скопскиот ноќен живот. Оваа среда Мачки и Феки Фарис ќе ја отворат зимската сезона.

Првата недела од сезоната ќе биде проследена со добри журки. Во четврток, стандардна хип-хоп журка со SAF Sound System, Диџеј Гоце и Димитри од Чаир. Во петок гостува долгогодишниот резидент ди-џеј во берлинскиот клуб „Трезор“, Хајнрих Милер-Pacou! А во сабота настапуваат Мирко Попов и Нино Наумов од PMG Recordings.