Фатиме Фетаи доживеала сообраќајна несреќа, префрлена e во болница

Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи доцна ноќеска во Топанско поле доживеала сообраќајна незгода.

Сударо меѓу две возила, Поло и Сеат Ибица се случила на крстосницата кај улицата Џон Кенеди, пишуваат албанските портали во земјата.

Како што пренесуваат медиумите, судирот не бил силен, направена е материјална штета и возачите се здобиле со лесни повреди.

Обвинителката, Фатиме Фетаи, како што пишува „ин7.мк“, со друго возило е однесена во болница на контрола, а нејзината состојба не би требало да биде сериозна.