Фатено лице кое самото фалсификувало ковид-сертификат

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.И.(31) од с.Житинени, општина Центар Жупа.

Тој, во јануари годинава, на ковид-сертификат свесно и со умисла внел невистинити податоци, а потоа го користел како документ.