Денес околу 14.10 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, од страна на полицијата е уапсен 50-годишниот Р.Р. Тој бил баран од страна на Основниот кривичен суд Скопје поради издржување казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 2 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.