Фатени гости без сертификати во угостителски објект

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против С.Е.(49) од с.Чајле, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.

На 18.09.2021 во 21.00 часот, полициски службеници во содејство со службени лица од Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во неговиот угостителски објект на ул.„Живко Брајковски“ во Гостивар, при што биле затекнати неколку лица кои биле услужени без сертификат за вакцинација.

Од Државниот пазарен инспекторат објектот бил затворен, а од полициски службеници пријавениот бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Гостивар.