Фатени две лица при обид да извршат кражба во неготинско

Вчера во 17.00 часот, полицијата од Неготино ги уапси 24-годишниот А.М и 23-годишниот А.М, двајцата од село Криволак, неготиноско поради обид за кражба.

„Тие биле фатени при обид да извршат кражба во правен субјект во близина на село Пепелиште, неготинско. Кај нив биле пронајдени и одземени предмети со кои се обиделе да го извршат делото“, информира МВР.

Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.