Фатени 14 Турци без документи во деловен објект во Скопје

На 22.01.2020 во 11.00 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во деловен објект на ул.„Беласица“ во Скопје. При претресот во објектот биле затекнати 14 лица од Р.Турција со нерегулиран престој, согласно член 147 од Закон за странци.

Лицата биле лишени од слобода и предадени на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка.