Фатен патник кој се обидел да ја напушти земјава со фалсификувани документи

Вчера, 45-годишен маж од Косово се обидел да ја напушти нашата држава со фасификувана возачка дозвола.

„На 07.08.2022 во 18.40 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, на влез во државата, при извршена гранична контрола полициски службеници го лишиле од слобода M.B.(45) од Косово, поради постоење основи на сомнение за фалсификувана возачка дозвола“, наведуваат во извештајот од МВР.

Поради овие сомнежи тој бил задржан во Полициската станица Кратово за понатамошна постапка и разрешување на случајот.