
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“.
Од нив, осум возачи управувале возила без возачка дозвола, а меѓу нив имало и еден малолетник. Тројца возачи, пак, биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол.
По целосното документирање на случаите, против возачите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана за управување.