Фатен е крадец од Куманово

Во саботата, приведено беше едно лице од Куманово поради кражба.

Според информациите добиени од МВР, станува збор за М.И.(30). Тој се сомничи дека на 27.07.2022 со употреба на сила влегол во деловен објект на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово и одзел предмети.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.