Фатен дрвокрадец во скопско, следува соодветна пријава

65 годишен жител на с.Буковиќ, скопско бил лишен од слобода бидејќи бил затекнат при бесправна сеча на огревно дрво. 

Кај него била пронајдена моторна пила, која била предадена на Шумска полиција. Од МВР информираат дека приведувањето се случило на 19.09.2022, во шума во скопско Буковиќ, од страна на полициски службеници од Полициското одделение Сарај – СВР Скопје.

Лицето било однесено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.