Фатен бегалец од затворот Идризово, треба да одлежи уште 5 години и седум месеци

Полицијата денес околу 14:45 часот го уапси 35-годишниот Б.И. од с. Горно Татеши, Струга, кој бил баран со централна потерница од КПУ Затвор Идризово поради бегство од затворот. Апсењето се случило во Охрид на улица „Пере Тошев“.

Како што велат од МВР, Б.И. е осуден за кривично дело „тешка кражба“ на казна затвор од осум години и седум месеци, а за доиздржување има пет години,  седум месеци и осум денови.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.