Фатални грешки кои го уништуваат првиот впечаток

Потребни се само седум секунди за една личност да оформи мислење за вас. Во тој краток период, човек може да каже или направи нешто што ќе има негативни последици кои нема да може да се поправат во наредните седум години.

Денес направивме листа од непростливи грешки кои многу луѓе ги прават кога се запознаваат со нови луѓе.

Лажење

Лажењето е лошо и се на крај се дознава. Сите го учиме ова уште од детство. Но, секој од нас понекогаш лаже. За време на интервју за работа повеќето од нас ги преувеличуваат своите вештини и постигнувања. Но, тоа е лошо! Кога сте искрени за работите кои не ве прикажуваат во најдобро светло и кога признавате грешки и дупки во знаењето, тогаш се отворате. Личноста со која зборувате ќе ве смета за поискрени и со повеќе интегритет, а ова може да биде почетна основа за создавање доверба. Запомнете дека односите кои започнуваат со доверба се секогаш посилни од оние основани на лаги.

Премногу се трудите

Дури и ако вашата иднина зависи од тој состанок, дури и ако сте на интервју за работа, дури и ако е прво запознавање со родителите на вашите сакани, не се трудете премногу. Ако изгледате преинтелигентни и пресовршени, другата страна може да мисли дека сте само неискрени фалбаџии. Ова може да води до тоа дека нема да сакаат да продолжат да зборуваат со вас. Полека отворајте им се на луѓето додека тие не ве прифатат такви вакви што сте.

Преотворени сте

Понекогаш човек може толку многу да ви се допадне од прва што ќе посакате да им кажете се за вас од прва секунда. Можеби ќе посакате да им ја раскажете целата животна приказна и да си споделите вашите најинтимни мисли и чувства. Но, ова дефинитивно не е добра идеја. Прво, вие не знаете ништо за животот на оваа личност и ако кажете премногу за себе, без да дознаете ништо за нив, тогаш може да направите да им е незгодно. Второ, ако откриете нешто што треба да е тајна, тогаш ќе делувате незрело и несериозно.

Се плашите од паузи

Паузите во муабетот со некој кој сте го запознале пред 5 минути е сосема нормална работа. Секако, тишината знае да биде непријатна, но долгите разговори за времето се уште понепријатни. И непристојните шеги. МИслам дека ќе се согласите дека може да биде истоштувачки да се обидете да разговарате со некој кој очекува дека цело време мора да ги слушате неговите дооооолги монолози. Па затоа, ако разговорот стигнал до крај, почекајте малку и потоа или сменете ја темата или заминете си. Не се обидувајте да ги брзате работите. Ограничен разговор е сосема доволно за прво запознавање. Не мора веднаш да давате барања или предлози. Ако некој ви каже чао, не инсистирајте да продолжите со муабет.

Се однесувате како душкало

Да, секогаш е убаво да покажете интерес за новите познаници. Поставувајте прашања, заинтересирајте се за нивните мислења и бидете подготвени трпеливо да ги слушате нивните одговори. Но, имајте такт. Колку и да е интересен разговорот, не го претворајте во испрашување. Не прашувајте премногу прашања. И не заборавајте дека повеќето луѓе не сакаат да зборуваат за политика, религија, пари или за приватни работи со луѓе кои не ги познаваат најдобро.

Зборовите кои ги кажуваме и работите кои ги правиме имаат силен ефект на мислењата на луѓето. Една личност може да остави сосема различен впечаток кај двајца луѓе. Нашиот изглед не е единствената работа која има влијание врз луѓето.