Фантастичните Крафтверк со 3-Д концерт во Скопје

Концертот на КРАФТВЕРК во Скопје е ексклузивен настан во организација на Password Production и Таксират, кој очекувано предизвика огромен интерес кај македонската публика, па важна напомена за сите купувачи на билетите е дека станува збор за настан со строго ограничен капацитет на максимум 6.000 посетители, но и ограничување во продажбата на најмногу 4 билети по купувач.

Цени на билетите:

ПАРТЕР (стоење) – 1.000 денари

ФАН ПИТ (стоење) – 1.200 денари

БЛОК 5, 6, 10 и 11 – 1.300 денари

БЛОК 3, 4 и 12 – 1.500 денари

БЛОК 7, 8 и 9 – 1.600 денари

ВИП (блок 13) – 2.000 денари

Германските пионери на електронската музика, култните КРАФТВЕРК ќе настапат во Скопје на 27-ми февруари 2018 година во Вип Арена „Борис Трајковски“,со извонредното 3-Д шоу од нивната актуелна и исклучително успешна светска турнеја. Влезот за посетителите ќе биде отворен во 19:30 часот, а почетокот на концертот е закажан во 20:30 часот.

КРАФТВЕРК е една од највлијателните и најзначајните електронски групи во светот чие музичко наследство е легендарно и вонвременско! Како предводник на експерименталната сцена, со својата визија за иднината КРАФТВЕРК ја создаде музичката подлога за дигиталната ера на 21-виот век. Музиката на КРАФТВЕРК изврши огромно влијание врз цел спектар на музички жанрови: од електро до хип-хоп, од техно до синтпоп и не постои речиси ниту еден германски бенд кој толку често се наведува како извор на инспирација и авторитет за илјадници музичари. Поради пресудното влијание и применливоста на електрониката во музиката тие важат за бендот без кој модерната музика денес не би звучела исто.