Фантастична моминска забава во спа центар

Подготовките за венчавка, знаат да бидат крајно стресни. Проблемите особено можат да се јават ако некои работи се оставени за последен момент. Причини и ситуации за нервоза има повеќе од доволно. Секоја идна невеста заслужува освежување пред венчавката. Нека биде тогаш Спа!

Моминската вечер главно подразбира забава во клуб, со добра музика, танцување, смеење и алкохол. Но тоа не мора да биде така. Убави и незаборавни моменти можат да се создадат и ако моминската вечер или ден ги поминете на поинаков, оригинален начин – дружење во Спа Центар.

Соберете ги најдобрите пријателки и одморете се пред венчавката. Спа центарот Anne Semonin овозможува одлични третмани од кои ќе бидете негувани, а сето тоа во друштво со своите пријателки. За Вас ќе организираме заедничка масажа, ќе Ви овозмжиме уживање во сауна или џакузи... А можете и да се дружите покрај базенот, уживајќи во вкусни пијалоци за кои ние ќе се погрижиме.

Хотел „Руссиа“ кој е во склоп на Спортскиот центар „Јане Сандански“, ги нуди следните содржини: Спа центар, ресторан, скај бар, конференциска сала, тениски терени, фитнес, игротека и аеробик.