Фала Вардаре, фала скопска публико. Бевте инспирација сите овие години!

Експертите за маркетинг одамна за „најголема забава на Балканот“ го имаат прогласено концертот на еден евтин музичар, но ова што го прави Вардар е многу повеќе од тоа - ова е вистински рокенрол од 70-тите, револуција и опиум за народот. Вака Жика Богдановиќ ја започнува својата колумна со наслов „Бевте инспирација сите овие години!“, напишана за порталот Balkan Handball. 

И кога зборувам за забава не зборувам само за Македонија, за Балканот, туку за цела Европа. Европа ќе стане свесна што изгубила кога ќе се стишат трибините во „Јане“, исто како што се случи со Борис Трајковски. Тогаш само преку youtube ќе се потсетуваме на убавите моменти, вели Жика во својата колумна. 

Понатаму прашува дали има нешто друго што толку многу го израдувало овој наш народ на Балканот, од таа за која сега нема пари, а која е поевтина од фудбал и кошарка. 

„Како аматерски хроничар на случувањата во земјата каде што „Вечно свети сонцето“, не можам да се присетам на поубави работи кои некој ги направил за македонскиот народ. Ако Србија и Црна Гора се борат со лоши државни проекти меѓусебно, Македонија треба да го зачува само проектот кој ги полни плуќите со воздух, ги бодри луѓето, ги прави задоволни и на крајот на денот многу среќни. А, не и тој да се распадне во долгови.“, додава Богдановиќ. 

„Ти благодарам Вардаре, фала скопска публика. Бевте инспирација сите овие години!“. Вака Жика Богдановиќ ја завршува својата колумна која во целост може да ја прочитате тука

UA Air VaporMax 2019