Фала ти Боже што ми ја донесе оваа личност во мојот живот

Еден ден, во вашиот живот ќе влезе една личност која нема да ја препознаете. Ќе помине многу време од вашата прва средба, но на вашето патување е напишан датумот кога повторно ќе ја сретнете... вашите очи ќе се сретнат и едноставно ќе се препознаете.

Ќе откриете нежен и разигран поглед во тие очи, како повторно да го откривате детето во себе и ќе почувствувате топла енергија која се шири низ вашето тело, но сѐ уште нема да бидете убедени.

Премногу болка, премногу разочарување и грешки го замаглиле вашето срце, но таа личност е пратена за да ги скрши сите ѕидови – како ветер кој ги брка облаците, оваа личност ќе направи вашето срце и очи повторно да заблескаат.

Раскажувајќи ги вашите приказни, ќе почнете да откривате необични сличности: иста болка, исти рани. Набргу ќе сфатите дека во вашето животно патување било запишано да се пронајдете и да си помогнете и да се излечите еден со друг со љубовта која и покрај сѐ постои!

Ќе ви биде потребно време за да се отворите и конечно да ја дадете љубовта која отсекогаш сте ја барале и тогаш ќе сфатите дека сте почнале да си давате љубов и на самите себеси. Толку долго сте го држеле затворено вашето срце, но сега е време да се погрижите за себе. Ќе видите дека вратата од срцето никогаш не се затвора, тоа е невозможно, затоа што на таа врата нема брава.

Ќе се појави личност многу слична на вас. Ќе ви го даде тоа што сте им го дале на другите, а никогаш не сте го добиле.

Животот е чуден и често прави да сфатите дека сте згрешиле кога сте рекле дека не треба да давате љубов. А кога повеќе не очекувате ништо, сѐ ќе ви се врати. Љубовта ќе се врати!

Баш на еден таков обичен ден, кога целото внимание ќе ви биде свртено кон себе, кога ќе го пробате сѐ она што сте сакале да пробате, животот ќе ви ја донесе вистинската личност, онаа која навистина е на ваша страна и во добро и во лошо и без заклетви ќе одите до крајот на вашето патување!

Фала ти Боже!