Фала им на сите кои ме лажеа

Фала им на сите кои ме лажеа – ми ја покажаат вредноста на искреноста.
Фала им на сите кои не веруваа во мене – ми дадоа сила со која можам да поместам и планини.
Фала им на сите кои ме изневерија и кои ги злоупотребија моите чувства – ми помогнаа да се разбудам.
Фала им на сите кои ме повредија, ме научија како да ја победам болката.
Фала им на сите кои ме искористија – ме научија како да бидам повнимателна.
Фала им на сите кои ме заборавија – ме научија како сама да се снаоѓам.
Фала им на сите кои ми нанесоа болка – ми покажаа кои се моите силни страни.
Фал им на сите кои ми ги исмејуваа соништата – ме направија поамбициозна.
Фала им на сите кои се нарекуваа мои пријатели, а кои не беа – ми покажаа што не треба да прави еден пријател.