Факултетите ги промовираат студиските програми пред средношколците од Скопје

Средните училишта на Град Скопје „Орце Николов“ и „Никола Карев“ денеска ги отворија вратите за факултетите и универзитетите за промоција на нивните студиски програми пред средношколците.

Kако дел од инцијативата на Град Скопје за отворени денови во средните училишта универзитетите и факултетите што се заинтересирани да ги презентираат своите програми пред идните студенти во периодот од 15 март до 1 април годинава ќе имаат можност да го сторат тоа во една поорганизирана форма.

Можноста која им се нуди на средношколците е, преку непосреден разговор и контакти, да добијат информации и одговори за високото образование и да го направат вистинскиот избор за својот професионален  развој.

Во наведениот период, секој ден по две училишта ќе имаат отворен ден за претставување на факултетите и институтите. Утре (16.03.2018 година) ваков отворен ден ќе се одржи во средните училишта „Михајло Пупин“ (од 11 до 15 часот) и „Панче Караѓозов“ (од 14 до 18 часот).