Факти за животот на кои постојано забораваме

Дури и најпаметните луѓе на светот често ги забораваат фактите  успехот.

Не можете да бидете постојано подготвени

Колкава е веројатноста дека некоја шанса ќе ни се укаже само тогаш кога ќе бидеме 100 % подготвени да ја искористиме. Шансите доаѓаат кога не сме подготвени, бидејќи во животот и ретко кога сме. Понекогаш ни недостасува време, енергија, знаења и вештини, понекогаш искуство, но многу често ни недостасува храброст. Но, тоа не значи дека треба да ги препуштаме шансите кои ќе ни се укажат. Факт е дека животните ситуации не тераат да дадеме највеќе од себе, да излеземе од сигурната зона и да си дозволиме себеси да растеме и да се развиваме.

Успехот и неуспехот одат рака под рака

Една од најважните работи кои мораме да ги имаме на ум се успехот и неуспехот, како јинг и јанг. Многу често се случува луѓето погрешно да го толкуваат терминот за неуспехот. Исто така, би требало да се запрашаме зошто толку се плашиме од неуспехот кога тој е природен тек на животот, исто како и неуспехот. Неуспехот не значи дека сме потфрлиле, туку  тој претставува еден чекор до успехот.

Делувањето е клуч на секој успех

Колку пати сме слушнале дека знаењето е моќ. И тоа е вистина. Но, многу важно е како го користиме стекнатото знаење. Знаењето без конкретна употреба не вреди многу. Тоа мора да се применува секојдневно. Знаењето и интелигенцијата се бескорисни без реална акција.

Носењето одлуки е тешко кога постојат повеќе одлуки

Факт е дека за разлика од нашите родители и баби и дедовци, ние ја имаме „таа среќа“ да живееме во време на многу можности. Можеби звучи како парадокс, но колку повеќе опции и можности имаме, толку позбунети сме и неодлучни. Едноставно е многу тешко да се донесе одлука во вакви ситуации.

Успехот не мора да значи и среќа

Верувате ли дека можете да бидете само среќни тогаш кога ќе бидете успешни? Дали секое исполнување на целите ќе ви донесе среќа? Среќата не е цел, туку таа треба да биде патека и таа претставува состојба на умот.