Езерца, zip line, паркови за миленици: Скопје ќе добие спортско – адреналински парк

Адреналинскиот парк ќе се гради на кејот на реката Вардар и ќе го опфати потегот кај вештачката карпа, која ќе биде реконструирана, како и скејт паркот.


-Како дополнителни содржини ќе бидат фудбалското и одбојкарското игралиште на песок (со странични трибини), zip line и детски парк. Во продолжение ќе се простира и големиот парк, со повеќе содржини за рекреација, зеленило, патеки, езерца и сл. Во меѓувреме, веќе се изведуваат два паркови за миленици. Еден на Кејот на реката Вардар (во близина на аплинистичката карпа), а другиот во Влае, кај спортската зона (кај мостот Обединети нации), изјави градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.

Оваа зона ќе биде една од најатрактивните зони за спорт и рекреација во Карпош и градот Скопје.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.