EXIT подготвува гитарска лудница на Тврдината!

EXIT фестивал доби нови, жестоки засилувања за овогодишниот фестивал кој ќе се одржи од 6-ти до 9-ти јули на Петроварадинска тврдина.

Спојот на мелодичен и тврд звук ќе се чуе од третата најголема бина на фестивалот, Fusion, каде што доаѓа легендарниот состав The Damned кој ќе ја донесе својата препознатлива панк атмсофера, а славната бина на EXIT фестивал посветена на екстремниот звук,  Explosive, и оваа година ќе биде епицентар на земјотресот кој ќе го предизвикаат најновите објавени имиња на метал, панк и хардкор сцената! Фуриозниот лајн-ап го предводат легендарните панкери Angelic Upstarts кои доаѓаат во Србија по 32 години!

Ним им се придружува и култното име на екстремната индустриал дарк метал сцена, швајцарскиот бенд Samael. Тие ќе ја предводат експлозивната програма на оваа бина покрај веќе најавените бендови The Black Dahlia Murder, Discharge и Destruction.

Едни од зачетниците на панк сцената, британските ветерани The Damned годинава на Exit ќе прослават 40 години од својот прв албум „Damned Damned Damned“ кој е воедно и првиот објавен британски панк албум! Со впечатливиот вампирски изглед на фронтменот Дејв Ваниан, кој го инспирираше раѓањето на готик модата, како и со нивниот иновативен пристап, го осигураа своето место во историјата на музиката, а оваа година ќе објават и нов албум на кој фановите ги очекува нивниот познат звук, но и новини, со кои ја зацврстуваат својата репутација на неуморни иноватори!

EXIT тимот годинава поврзува дури четири фестивали во регионот во единственото EXIT Лето на љубовта 2017. Прв во низата е Sea Star, кој на 26-ти и 27-ми мај ќе се одржи во градот Умаг, следен е Revolution фестивалот во Темишвар на 2-ри и 3-ти јуни, а веднаш по EXIT фестивал, од 6-ти до 9-ти јули, следува четвртото издание на Sea Dance фестивал од 13-ти до 15-ти јули! Влезниците за Exit се достапни по цена од 3.580 денари, додека промотивната цена од 1.990 денари за Sea Star и Sea Dance е актуелна само уште неколку дена, до 28-ми февруари за Sea Star, односно до 1-ви март за Sea Dance фестивал, по што цената ќе се зголеми. Најголемата заштеда е секако пакетот EXIT Summer of Love 2017, каде што една влезница за сите три фестивали може да се набави за само 4.530 денари! Повеќе информации за цените на влезниците се достапни на сајтот exitfest.org.