Евтини авио линии по отворање на границите

Како ќе се смирува ситуацијата со корона пандемијата и ќе се отворат границите, така ќе се возобновaт евтините авио линии. Министерот за транспорт и врски вели дека се работи на враќање на прекинатите летови, но тоа зависи и од билатералните односи меѓу земјите. Сепак тој е оптимист дека авиосообраќајот постепено ќе се врати  на ниво од претходните години. Владата ќе продолжи со субвенционирање, и за оваа намена за следната година се одвоени над милион евра.

Бочварски најави дека до крајот на месецов авиокомпанијата Визер ќе стартува со летови кон Абу Даби.

Поради корона кризата Визер суспендираше летови кон повеќе европски дестинации и најави дека нема да сообраќаат до крајот на март следната година. Сепак и без овие линии компанијата одржува повеќе од 20 дестинации низ Европа.

Од Скопје се повлече и грчката Ејџијан Ерлајнс и зесега  нема најава кога ќе ги обнови летовите за Атина.

Од вчера пак стартуваше авиолинијата од Скопје до Киев. Лет ќе има два пати неделно а ќе сообраќа украинската авиокомпанија Виндорс.