Евтината работна сила во Македонија - привлечна за странските инвеститори

Седумдесет и седум проценти од инвеститорите од дијаспората ја издвојуваат Македонија како добра дестинација за инвестирање, најмногу поради ниските трошоци за труд - 38 проценти и присуството на компетентна работна сила 31 - процент.

Ниските даноци се еден од најзначајните фактори кои ги привлекле да инвестираат во земјата, покажуваат резултатите од анкетата на Македонија 2025 чии резултати денеска ги рагледувале странски инвеститори и владини претставници.

Како главни пречки за при водењето бизнис речиси 40 проценти од анкетираните ги посочиле правната комплексност, корупцијата и сложените административни процеси. Дури 55 проценти од нив се соочиле со проблеми при самото отпочнување на инвестициите.

Брендан Филиповски, директор за истражување во Македонија 2025 нагласил дека сите институции кои се во допир со инвеститорите треба да назначат стручни лица за контакт кои по забрзана постапка ќе ги процесираат барања на инвеститорите и ќе овозможат транспаретно и навремено добивање документи.

Од Македонија 2025 информираат дека во иднина ќе се фокусира на спроведување конкретни мерки за решавање на увидените бариери за водење бизнис и кон градење постабилна платформа за комуникација и соработка помеѓу странските инвеститори и Владата на Република Македонија. Целта, велат, е зголемен економски развој и привлекување на што поголем број странски инвестиции во земјата.