Евтин популизам и лажни ветувања: Најавите за заживување на Треска „потонаа“ во депонијата кај езерото

Сарај е општина во град Скопје лоцирана во северниот дел на Македонија. Според последната територијална децентрализација општина е припоена со општина Кондово. Таму живеам доминанто муслиманско население, но и православни и по католици. Општината територијално припаѓа под градот Скопје.

Во својата програма на локалните избори во 2017 година, Шилегов - тогашниот кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ ветуваше дека по добивањето на мандатот во четиригодишниот период ќе направи ревитализација езеротоТреска.  Но, ветувањата за оживување на овој важен проект за скопјани останаа само ефтин популизам за добивање на гласови. На неколку месеци пред изборите, проектот не е започнат, а неодамна беше најавена изградба на сосема друг проект.

Новата администрација на градот Скопје, јас како градоначалник, ќе го ставиме во целосна функција, во полн капацитет овој капитален објект. Со јавно приватно партнерство ќе изградиме пречистителна станица, која што ќе ја направи здрава водата, во езерото Треска, тука ќе го префрлиме ноќниот живот и целокупното езерце ќе биде ставено во функција, што само по себе ќе има извесна социјална мерка, бидејќи луѓето од Скопје кои немаат средства да одат на годишен одмор, оваа убавина, ќе биде од нивна помош за во топлите летни денови скопјани да можат да се забавуваат и разладат... На ова место ќе го вратиме животот во Скопје, живот во Скопје за сите, велеше тогаш тогаш Шилегов од локацијата кај езерото Треска.

За тие кои ги заборавија тогашните изјави, тој слични изјави даваше и на почетокот на оваа година.

Некогаш некои политички структури заради личен политички интерес пренесуваат и прикажуваат лажна состојба дека се уништува езерото и дека нешто се случува со самото езеро. Не се случува ништо во самото езеро, туку со околината и се реализира деталниот урбанистички план. Мое мислење е дека треба да се работи за граѓаните, на граѓаните треба да им се презентира пред било што биде започнато за да не дојде до ненакви збрки. И на сопствениците на приколки кои се таму со децении од целиот тој концепт може да се најде доволно простор, рече Шилегов пред 7 месеци. 

Но, денес 7 месеци по оваа изјава нема ниту трага и глас од заживувањето на езерото. Напротив, изминатите денови на локацијата над езерото Треска беше промовиран комплексот „Планет“, приватна инвестиција којашто допрва ќе се гради на простор од 150.000 метри квадратни. 

Се чини дека ветувањата за оживување на овој дел од Скопје потонаа во депонијата кај езерото. 

Новата елитна населба ќе биде сместена меѓу селата Љубин и Арнакија на 15 хектари и ќе има 142 луксузни вили со базени, паркови, спортски игралишта и центри, градинки, ресторани, маркети, фитнес и спа-центри, како и други содржини. Целиот станбено-деловен комплекс зафаќа околу 20 отсто од вкупната површина што ја опфаќа инвестицијата, а остатокот од 80 отсто ќе биде зеленило. Изградбата ја вршат градежните компании на инвеститорите „Блеро-Фикс“ и „Валмир компани“.

На промоцијата на оваа нова инвестиција вредна 28 милиони евра присуствуваа премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, првиот заменик-претседател на Владата, Артан Груби,  министерот Оливер Спасовски, претседателот ДУИ, Али Ахмети и градоначалниците на Скопје и Сарај Петре Шилегов и Блерим Беџети.

Градоначалникот Шилегов им посака на инвестоторите успешна работа, додавајќи дека „се надева оти комплексот ќе биде вистински пример за успешен проект кој може да се реализира преку соработка на приватниот сектор, државните институции и локалните самоуправи.“

Старите скопјани со задоволство се присетуваат на овој убав дел од Скопје кои тие го изградиле со самопридонес. Во 1978 година е отворен туристичкиот рекреативен комплекс заедно со вештачкото езеро треска. Најголема посетеност езерото има во 80-тите години од минатиот век, кога во топлите денови илјадници граѓани се разладуваа во него. Во 1998 година водите на езерото беа прогласени штетни за капење.

Денес кај езерото Треска е вистински колапс.