Евтин одмор без турканици - Македонците на море во септември

Ако во минатите години Македонците традиционално заминуваа на годишен одмор во јули и август, во последно време се почесто уплаќаат аранжмани за септември бидејќи во овој период од годината цените се пониски од 30 до 50 отсто во зависност од дестинацијата.

-Цените се до 50 отсто пониски во споредба со шпицот на сезоната, во јули и во август, а сместувањето е бесплатно за трето и четврто лице. Нашите клиенти веќе се научија дека ако го испланираат и резервираат летниот одмор порано, тогаш можат да добијат и соодветен попуст. Голем дел од аранжманите за септември се продадени веднаш, велат од една скопска туристичката агенција.

На излозите на туристичките агенции веќе можат да се видат излепени плакати со понуди за седумдневен престој во познатите туристички места на Егејското Море по цена од 100 евра, а пакет- аранжманите за Турција, Шпанија, Италија се намалени до 500 евра.

Септемврискиот одмор не носи само заштеда на цената на аранжманот, туку вообичаено се е поевтино во местата за летување, како лежалките на плажа, изнајмувањето реквизити, бродски тури, пијалоци и јадење во ресторани, бродски тури и слично.

Погледнете што го прави септември добар месец за патување:

Избегнете ги гужвите

Луѓето кои имаат деца на школска возраст се присилени да одат на одмор во текот на сезоната, бидејќи таа се поклопува со распустот. Исто така, туристите од западните земји најчесто одат на одмор во текот на „жешките месеци“. 

Поради ова, најдобрите дестинации секогаш се најпосетени во текот на јули и август. Доколку сакате да ги избегнете гужвите и да имате малку поопуштен одмор, тогаш ово јмесец е вистинскиот избор за вас.

Времето е пријатно

Иако е крај на лето, времето може да биде навистина прекрасно. За сите оние коишто сакаат да ги избегнат летните горештини и сакаат да се опуштат во умерено и пријатно време, септември го нудат сето тоа.

Имате можност за вонсезонски активности

Додека пропуштате некои сезонски активности, секогаш постојат нови можности коишто ви ги нудат токму септември. Во зависност од вашата посакувана дестинација, ќе имате можност да искусите многу вонсезонски активности коишто ќе ви ги збогатат вашите спомени.

Поголеми попусти на потребните работи

Доколку отпатувате во септември, ќе имате можност да ги купите потребните работи, а притоа да заштедите. На пример, ќе можете да купите костум за капење по доста пониска цена, производите за сончање ќе ве чинат помалку, а исто така ќе заштедите и ќе имате средства да си дозволите да купите и други работи во коишто би уживале.