Евровизиската песна на „Дајте музика“ надмина еден милион прегледи на Јутјуб

Македонските претставници на детската Евровизија веќе ги освојуваат срцата на фановите на ова натпреварување. 

„Дајте музика“ на 19 декември ќе се претстават со „Green Forces“, а песната веќе надмина еден милион прегледи на официјалниот канал Junior Eurovision Song Contest. Всушност, во моментов има над 1,3 милиони прегледи, а позитивни коментари има многу. 

Дури и критичарите постојано имаат пофални зборови за нашите претставници, а ние како публика, секако, се надеваме на добар пласман, а нескромно ќе кажеме дека навиваме и за победа.