Европско атлетско првенство во планинско трчање на Водно, пренасочување на сообраќајот

На планината Водно денеска ќе се одржи спортската манифестација „Европско атлетско првенство во планинско трчање“.

Најавено е учество на 250 атлетчари од 29 европски држави. 

Во тек на манифестацијата, во организација на  Атлетската федерација на Македонија, ќе биде пренасочен сообраќајот до Средно Водно.

Од седум до 16 часот ќе се пренасочува сообраќајот на улица „Тодор Александров“ од потегот кај поранешниот објект хотел „Панорама“ па се до Средно Водно, како и од село Нерези (етно село) до Средно Водно, информира  СВР Скопје и апелира до граѓаните да ги почитуваат времените сообраќајни мерки.