Европските јуниори во тенис ќе ги измерат своите сили

Стотина најдобри европски јуниори во тенис се очекува да настапат на ИТФ турнирот што ќе се одржи од денес до 19 мај во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Општина Аеродром.

Третиот по ред турнир за јуниори до 18 години ќе биде во машка и женска категорија, а ќе се игра на четири терени на земјена подлога.

Домаќин на турнирот е тенискиот клуб „Тенис парк“  ‒ Скопје, од каде што ги покануваат љубителите на белиот спорт да им дадат поддршка на македонските тенисери, кои, исто така, ќе бидат дел од овој турнир.

Термините на натпреварите може да се видат на следниов линк: 

https://www.itftennis.com/juniors/tournaments/tournament/info.aspx?tournamentid=1100044687

jordan shoes for sale outlet infrared