Европскиот фронт ќе го кандитира Зијадин Села за градоначалник на Струга?

Зијадин Села ќе биде кандидатот на коалицијата на ДУИ, Европски фронт, за градоначалник на Струга, неофицијално објавуваат дел од медиумите на албански јазик. Села на овие локални избори ќе се обиде по трет пат да стане градоначалник на Струга.

За оваа општина веќе е најавена независната кандидатура на бизнисменот Менди Ќира, поддржана од коалицијата Вреди.

За време на отворањето на изборниот штаб на Вреди во Струга, заменик-премиерот и еден од лидерите на коалицијата, Арбен Фетаи, го предизвика директно својот поранешен партиски колега, Зијадин Села.

„Зијадин, бујрум мери се со Менди Ќира и да видиме во октомври кој ќе ја освои Струга!“, изјави Фетаи.

Тој ги обвини Села и Таравари дека се обидуваат да го вратат Али Ахмети на власт преку тајни договори.