Европска ноќ на музеите и во Скопје

Националната галерија на Македонија оваа година е дел од европската манифестација „Европска ноќ на музеите 2017“ која ќе се одржи денеска.

Оваа манифестација се одржува во сите музеи во Франција и во сите европски музеи кои сакаат да партиципираат, а влезот на „Европска ноќ на музеите 2017“ е бесплатен за сите посетители.

Оваа манифестација е поддржана од Министерството за култура и комуникации на Република Франција, Советот на Европа, ИКОМ, УНЕСКО, а е поддржана и од асоцијацијата Музеите во Франција, Федерацијата „Пријатели на музеите“, TV5MONDE, Radio France и други.

Националната галерија на Македонија во рамките на европската манифестација „Европска ноќ на музеите 2017“ ќе се претстави со изложбата „ИВАН МЕШТРОВИЌ, графики од Колекцијата на НГМ“, која ќе биде претставена во објектот Чифте амам од 18 – 31 мај 2017 година.