Еврокомесарката Марта Кос во Скопје: Средби со Мицкоски, Сали и Гаши за европскиот пат на Македонија

Еврокомесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, денеска престојува во Скопје, каде ќе оствари средби со највисоки државни претставници.

Во рамки на посетата, Кос ќе има средба со премиерот Христијан Мицкоски, по што е предвидена заедничка прес-конференција. Таа ќе разговара и со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали, како и со претседателот на Собранието Африм Гаши.

Главни теми на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на земјава, спроведувањето на реформската агенда и можностите што ги нуди Планот за раст за Западен Балкан.

За време на посетата, еврокомесарката ќе го посети и студентскиот дом „Стив Наумов“, кој е реновиран со финансиска поддршка од Европската Унија.