Евроамбасадорот Рокас денеска во посета на македонското Собрание

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ќе престојува во посета на законодавниот дом каде ќе биде примен од претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Во посета на Собранието денеска ќе биде и турскиот пратеник Куршат Зорлу кој ќе одржи средба со македонскиот колега Бејџан Илјас.