Еврејска мудрост: Што да направите кога луѓето премногу ви додеваат?

Евреите се исклучително мудри личности.

Photo by Dave Herring on Unsplash

Како се однесуваат тие кога луѓето им додеваат со различни барања? Што прават различно од другите?

Тие имаат една позната мисла која вели: ако луѓето се трудат да ви се качат на глава, не се наведнувајте прениско. Во овие зборови се крие едноставна, но голема вистина. Луѓето ќе ни додеваат и ќе бараат од нас онолку колку ние ќе им дозволиме.

Ние сме тие кои ги одредуваат границите како некој може да се постави кон нас, а не обратно. За нив е важно да се почитуваат границите на другите луѓе, но и да се постават свои, со цел да се зачува сопствениот мир и да се задржи почитта кај луѓето.

Според нив, претераната добрина и љубезност можат да бидат сметани како слабост, особено кога немаме почит кон сопственото време и потреби, а се трудиме да им угодиме на другите. Имајте на ум дека ако сте премногу достапни, луѓето тоа можат да го сфатат дека:

• Имате ниска самодоверба

• Се препуштате на милоста и немилоста на другите, заборавајќи на своите потреби

• Одбивате да се борите за себе и дозволувате да се скратени вашите права

• Дозволувате да сте трпеливи и тивки, дури и кога другите ве навредуваат

Дали навистина го сакате тоа за себе?

Не треба да заборавате дека ако се почитувате себеси, ќе бидете почитувани  и од другите луѓе.