ЕВН: Во сабота, недела и понеделник неколку скопски општини ќе бидат без електрични енергија

Од „ЕВН Македонија“ АД известување дека за ден 05, 06 и 07.09.2020 година (сабота, недела и понеделник), заради планирани технички зафати во електро-системот во градот Скопје, без електрична енергија ќе бидат:

– на 05.09.2020 (сабота)- во периодот од 08:00 до 18:00 часот, дел од корисниците, со повремени краткотрајни и долготрајни прекини на стопанските и нестопанските објекти, во Индустриска зона „Пинтија“, од ОХИС до влез во Драчево. (Општина Кисела Вода);

– на 06.09.2020 (недела)- во периодот од 08:00 до 18:00 часот, дел од корисниците, повремени краткотрајни и долготрајни прекини на стопанските и нестопанските објекти во Индустриска зона „Пинтија“, од ОХИС до влез во Драчево. (Општина Кисела Вода);

– на 07.09.2020 (понеделник) – во периодот од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците во с. Волково, с. Орман и корисниците во околина на ГП „Гранит“. (Општина Карпош и Општина Чучер Сандево);

– на 07.09.2020 (понеделник) – во периодот од 09:00 до 13:30 часот, дел од корисниците на ул. Пандил Шишков бр. 7 (по старо бр. 1) . (Општина Аеродром), и

– на 07.09.2020 (понеделник) – во периодот од 09:00 до 13:00 часот, дел од корисниците на цело с.Осинчани. (Општина Сопиште).