ЕВН со известување: Еве каде ќе нема струја утре и во понеделник

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре, од 09:00 до 15:00 часот, ќе останат корисниците од селата: Рашче, Копаница и Бојане (Општина Сарај). 

Во понеделник стуја ќе немаат: 

-од 08:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Македонија (делот од Рекорд до ресторан Пелистер)

-од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од селата: Побожје и Кучевиште (Општина Чучер Сандево)

-од 12:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Марко Орешковиќ непарни броеви од 59-71, ул. Димо Хаџи Димов непарни броеви од 177 – 181 и ул. Димо Хаџи Димов парни броеви 134 - 152 (Општина Кисела Вода)