ЕВН најави исклучување: Во овие скопски населби утре ќе нема струја

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека на ден 07.02.2019 година (четврток), заради  технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат:

  • во периодот од 08:30 до 15:00 часот корисниците од улиците Сердарот и Ратко Митровиќ и целиот реон кај ТИПО и Туланата. (Општина Кисела Вода)
  • во периодот од 08:00 до 15:00 часот корисниците од броевите 57. 59 и 108 на ул. Востаничка. (Општина Центар)
  • во периодот од 13:00 до 15:00 часот корисниците од сите стопански и нестопански објекти на територијата на Општина Зелениково. (Општина Зелениково)
  • во периодот од 09:00 до 11:00 часот корисниците од непарните броеви од бр. 65 до бр. 81 на ул. Јуриј Гагарин, парните броеви од бр. 4 до бр. 18 на истата улица и зграда бр. 149 на Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов. (Општина Карпош)
  • во периодот од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците од ул. Ацо Шопов т.е. околу бројот 9. (Општина Бутел)
  • во периодот од 12:30 до 14:30 часот делови од улиците Шарпланинска, Пекљане, Торонто и Антон Кецкаров. (Општина Шуто Оризари)
  • во периодот од 09:15 до 15:00 часот корисниците од дел од с. Рашче. (Општина Сарај)