ЕВН најави исклучувања: рано наутро без струја ќе останат делови од Скопје

Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, утре делови од Скопје ќе останат без електрична енергија во повеќе временски интервали.

Според најавите, во општина Центар прекин на струја ќе има од 06:00 до 12:00 часот. Без електрична енергија ќе останат дел од населбата Ленинова, во околината на Холандската амбасада, како и делови од улиците „Коле Неделковски“ и „Киро Крстевски – Платник“.

Дополнително, во населбата Волково, прекин на електричната енергија е најавен во периодот од 09:00 до 14:00 часот, при што без струја ќе остане дел од корисниците на улицата „95“.