ЕВН ИНФОРМИРА: Без струја утре повеќе делови од Скопје

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат во текот на денот делови од општините Ѓорче Петров, Струденичани и Сарај.

Во соопштението се наведува дека во периодот од 9 до 14 часот корисниците од дел од улицата Есперанто, како и од дел од улицата Мраморец во општина Ѓорче Петров, ќе останат без струја. Без електирчна енергија во општината ќе бидат и корисниците од караулата „Чашка“, „Геолошки Силекс“, село Грачани, викенд-населбите Веле Поле и село Кучково, и тоа во периодот од 8.30 до 11 часот.

Понатаму, информираат од „ЕВН Македонија“, без струја ќе бидат и дел од корисниците на општина Сарај, поточно дел од корисниците од село Љубин и „Водовод“ во село Кондово, во периодот од 11.30 до 14 часот.

Во периодот од 9 до 15 часот, пак, поради техничките зафати во дистрибутивната мрежа, без струја ќе останат и корисниците од село Батинци – улиците 4, 6 и 7 во општина Студеничани.