ЕВН и Водовод со најава: денес прекини во повеќе делови од Скопје

Од ЕВН Македонија информираат дека денеска ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе делови од Скопје и околината.

Во периодот од 08:00 до 15:30 часот, без струја ќе останат корисниците од село Морани и викенд населбата Морани во општина Студеничани. Од 08:30 до 15:00 часот прекин ќе има за корисниците од улиците 1506 и 1550 во Момин Поток, како и за објектите на „Електроводомонт“, „Стил железо“ и „Европа 92“ во општина Карпош. Дополнително, од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Иван Аговски“, исто така во општина Карпош.

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека поради уличен дефект на водоводната мрежа (ф-80 мм) на улицата „Црвена Вода“ бр. 9, ќе има прекин во водоснабдувањето за корисниците од оваа улица во општина Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.