Еве за што можете да добиете дебели казни кога ќе одите годинава на одмор: Мокрење во море, правење кули од песок, слушање гласна музика

Туристите би можеле да се најдат од онаа страна на законот, ако не ги знаат правилата, понекогаш и оние чудните, кои се на сила во некои популарни турстички летувалишта на Медитеранот.

Мокрењето во море е нормална работа за повеќето капачи, посебно ако во близина нема тоалет. Но во морето пред песочните плажи во шпанскиот Лепеу тоа е казниво, а казните можат да достигнат и 750 евра. Не е баш јасно како властите докажуваат дека прекршокот е направен.

На неколку плажи на шпанскиот остров Тенерифе туристите не смеат да прават кули од песок. Законодавците очигледно мислат дека тоа ги прави плажите помалку убави.

Во италијанскиот Остио, во близина на Рим, кули од песок смеат да се прават, но забрането е да се потпирате на чамците закотвени на брегот.

На плажите во Сантадеро не смее да се слуша гласна музика, а не се дозволени ниту било какви игри со топка. Во Валенсија на плажите не смее да се јаде, а властите бараат и покривање на превозните средства како скејтборд, ролерки и велосипеди. Не е баш јасно зошто.

Во грчките градови со античко наследство  казниво е ако со себе понесете камења. Било кој фатен во Грција како носи камења може да заврши во полициска станица се додека не стигне дежурниот археолог кој ќе пресуди дали предметот има археолошка вредност.

Имајте на ум дека на славните мостови во Венеција не смее да се стои во место.

Во Рим и Фиренца морате да внимавате каде ќе седнете. Ако седнете на ивицата на Фонтата ди Треви, полицијата  само може да ве избрка, а ако влезете внатре казната е 500 евра.