Еве што треба да пополни секој кој планира да патува во Грција

Специјален образец со лични податоци, траење и адреса на престојот во Грција, ќе треба задолжително да имаат пополнето најмалку 48 часа пред пристигнувањето, сите оние кои од 1 јули планираат да патуваат во Грција, без разлика дали со авион, со брод или преку копнените граници, а ќе добијат единствен баркод (QR) според кој ќе се вршат и тестирањата за ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Според протоколите за пристигнувања во Грција, задолжителни за сите, патниците ќе треба да имаат пополнето „Passenger Locator Form (PLF)“, односно образец достапен на специјалната интернет страница https://travel.gov.gr/#/. Откако во неколку чекори ќе ги пополнат сите потребни податоци, што ќе добијат единствен баркод (QR code), според кој ќе се врши и селекција на патниците и кои ќе бидат тестирани за ковид-19.

Образецот во електронска или отпечатена верзија ќе треба посетителите да го покажат при пристигнувањето на граничниот премин, на аеродромот или на пристаништето.

 

 

Протоколите се речиси идентични без разлика дали патникот доаѓа авионски, бродски или преку копнена граница.

Доколку пристигнувањето е со автомобил, автобус, воз или слично, односно преку копнените граници, на царинската и пасошката контрола ќе се проверува баркодот на секој патник.

Во зависност од кодот на секое лице, патниците или ќе бидат однесени во делот за тестирање или ќе им биде дозволено да го продолжат патувањето кон нивната крајна дестинација, но ќе добијат информации и упатства од граничните службеници што би требало да направат во случај да им се појават симптоми, односно дека ќе треба да ја конктатираат грчката Национална организација за јавно здравје.

Доколку туристот планира да посети неколку места во Грција, ќе мора тоа да го соопшти, како и планот за следните седум дена.

На граничните премини ќе бидат присутни мобилни единици на Национална организација за јавно здравје на Грција кои ќе ги вршат тестирањата за ковид-19.

Според информациите на дописничката МИА од Атина, тестовите ќе се спроведуваат наменски, односно случајниот избор на лица за тестирање ќе биде согласно конкретен алгоритам и пополнетите податоци во образецот.

Тестираните лица, потребно ќе биде да останат еден ден во самоизолација во хотелот или туристичкиот објект каде што ќе бидат сместени, сѐ додека да ги добијат резултатите од тестот. Доколку е негативен ќе го продолжат одморот. Во случај да е позитивен, 14 дена ќе бидат во државен карантин во специјално одредените хотели-карантини.

Што треба да пополни секој кој планира да патува во Грција?

Образецот, односно „Passenger Locator Form (PLF)“, се пополнува електронски преку специјалната интернет страница https://travel.gov.gr/#/ . А на граничните премини може да се покаже или од мобилните телефони или во отпечатена верзија.

Дополнително потребно е да се наведе лице за контакт за итни случаи во следните 30 дена.

Последниот чекор се однесува на оние кои патуваат со деца односно лица под 18 години и се внесуваат потребните податоци