Еве што се случуваше пред Сити Мол: Показна вежба за едуцирање на учесниците во сообраќајот за постапување при сообраќајна незгода

Непирјатна слика имаше денека пред Сити Мол. Жртви и крв на секоја страна. Искршен автомобил и превртен мотор...

Не стануваше збор за ништо страшно, туку само за показна вежба, преку која се едуцираат учесниците во сообраќајот како да се однесуваат при сообраќајна несреќа.

РСБСП денес беше дел од показна вежба за спасување на повредни во сообраќајна незгода која беше организирана од стрaна на МВР, а во соработка со Црвен Крст и Skopje City Mall.

 Ваквите вежби имаат цел да ги едуцираат учесниците во сообраќајот за соодветен одговор и постапување при сообраќајна незгода.

Целта е да се види и да се биде сигурен дека системот е подготвен и може да одгвори за време на сообраќајни незгоди, бидејќи брзата и навремена интеревенција е еден од клучните елементи при сообраќајни незгоди со повредени.