Еве што се случува во телото по последната испушена цигара

Доколку сте љубопитни за да ја видите трансформацијата низ која поминува човековото тело по одредено време без никотин, продолжете со читање.

20 минути

По 20 минути, вашето тело почнува со обновување од последната внесена доза на никотин. Крвниот прититок и срцев ритам се враќаат во нивните нормални граници.

8 часа

Ефектите од никотин почнуваат да излегуваат на виделина. Откако никотинот комплетно го напушта крвотокот, почнува да се враќа желбата за пушење.

24 часа

По изминатиот ден без никотин, вашето тело ќе ги чувствува целосните ефекти од истиот. Посакувањата за никотин ќе бидат големи, а со тоа и нивото на стрес. Ова е најтешкиот дел, поради тоа што се губи мотивацијата во вас за да продолжите со борбата против цигарите, а со тоа и најчестата причина поради која што луѓето продолжуваат со нивната навика.

2-3 дена

Рецепторите за мирис и вкус почнуваат да се обновуваат, што значи дека вкусувањето храна ќе биде во секој случај повкусно. Од овој момент, вашата желба за никотин ќе биде полоша од било кога.

2-3 недели

До овој момент, вашето тело веќе почнало на природен начин да бара замена за вашата претходна навика, со цел да ги смени ефектите од пушењето. Со тоа, ќе приметите дека е подобрена вашата физичка активност, а со тоа и капацитетот на белите дробови. По две недели, потребата за никотин ќе почне да исчезнува.

Помеѓу 1-9 месеци

Цилиите, односно малите влакненца во структурата на белите дробови, почнуваат со обновување. Откако истите ќе бидат обновени, тие ќе бидат повторно способни да се борат со инфекциите и соодветно да си ја извршуваат работата.

Една година по откажувањето

По година, ризикот од срцеви и дишни заболувања е намален за половина од оној на пушач.