Еве на кој телефонски број може да пријавите штети од невремето во Бутел

Општинските служби на Бутел и денеска се на терен заедно со граѓаните каде се работи на целосно расчистување на штетите и последиците од невремето кое ја зафати општината вчера.

- Општинските работници се цело време на терен со сите расположливи ресурси вклучувајќи ја и механизацијата. Ќе бидат отстранети сите дрва, гранки и останати предмети кои го попречуваат движењето на нашите граѓани, информираше градоначалникот на Бутел, Дарко Ксотовски.

 Останува отворена телефонската линија 075274421 на која граѓаните можат да пријават проблеми од невремето.

-Општинскиот кризен штаб ја следи целата ситуација, а во интезивна комуникација сме со Град Скопје и јавните претпријатија и службите, потенцираше Костовски.