Еве колку се чека на Табановце и Богородица

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 40 до 60 минути, а на Граничниот премин Богородица време на чекање за влез и излез од државата е околу 30 до 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомотосојузот на Македонија.

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Оттаму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.