Еве кој ќе биде нов пратеник откако Богоевски поднесе оставка

Александар Филиповски ќе биде нов пратеник од пратеничката група на СДСМ во македонското Собрание,  откако ќе биде констатирана оставката на независниот пратеник избран од пратеничка листа на СДСМ, Павле Богоевски, кој се повлекува од парламентот по објавувањето на снимката каде набавува недозволена супстанца.

Инаку, Богоевски беше на петтото место на пратеничката листа на СДСМ на парламентарните избори на крајот на 2016 година во првата скопска изборна единица, но со оглед дека сите кандидати од оваа листа се или пратеници или веќе вршат функции во извршната и локалната власт, нов пратеник во рамки на парламентарното мнозинство треба да стане Филиповски, кој го заземаше 17-тото место во листата.