Еве какво време не очекува и за викендот

Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, во попладневните часови променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната температура од 16 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, во попладневните часови променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до осум степени, а дневната температура до 24 степени.

Во петок во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од недела попладне повторно ќе има повремени врнежи од дожд проследени со грмежи.