Еве како ќе ја изгубиш силната жена

Ќе ја изгубиш силната жена ако не ја запреш и не ја поздравиш. Таа е можеби поинаква, уникатна, застрашувачка и фасцинантна, но ништо не е толку болно како тоа да ја изгубиш силната жена затоа што воопшто не си се претставил. 

Ќе ја изгубиш силната жена ако се преправаш дека си недопирлив. Силната жена нема време да лови мажи затоа што е зафатена со остварување на своите соништа. Нема да губи време на оној кој не сака искрено да ѝ посвети време. Таа не е безобразна, ниту арогантна, таа само го штити своето срце. Нејзиното срце досега многупати било скршено и затоа немој да ја изгубиш уште пред да ја освоиш. 

Ќе ја изгубиш силната жена ако ги криеш своите чувства. Таа не мисли дека си силен ако ги чуваш сите чувства во себе. Таа мисли дека си најубав кога не се плашиш да се разоткриеш и да бидеш човек. Таа не сака да погодува што чувствуваш, сака да види што имаш да понудиш. Таа го чувствува животот на многу длабок на чин и потребен ѝ е човек кој е ист како неа.

Ќе ја изгубиш силната жена ако ја третираш само како да е тело, а не како чудо на природата. Таа знае дека е рамноправна, моќна и дека може да поместува планини. Силната жена ја знае својата вредност и своите способности и нема да дозволи никој да ѝ го одземе тоа. Таа исто така знае кога ја искористуваат и нема да го дозволува тоа.

Ќе ја изгубиш силната жена ако ја омаловажуваш. Силната жена бескрајно се трудела да ја изгради својата самодоверба, својата кариера и односите со луѓето. Нема да стои зад некој кој нема да сака да застане зад неа. Таа можеби нема да ти го каже тоа директно затоа што е свесна како другите се чувствуваат заради тоа, но нема да се зближи со некој кој одбива да види што има постигнато.

Ќе ја изгубиш силната жена ако не ја почитуваш. Таа знае што значи тишина и знае да препознае попатни коментари. Таа знае како да се почитува себеси и нема да толерира некој кој не го знае истото.

Ќе ја изгубиш силната жена ако ја молиш. Таа не бара некој кој ќе ја моли. Таа сака некој кој ќе се бори, некој кој е одлучен како и она, некој кој точно знае како да побара и да даде прошка. 

Ќе ја изгубиш силната жена ако едноставно ја пуштиш. Таа не е како другите. Нема да се врати ползејќи. Нема да прави драми. Ако очекуваш дека ќе се однесува како останатите жени, се мамиш. Таа мирно ќе гледа како ја оставаш да си оди.

И затоа, кога еднаш ќе ја освоиш силната жена, не ја пуштај.