Еве како ќе изгледа новото уверение за државјанство

Курир дојде до ексклузивна фотографија како ќе изгледа новото уверение за државјанство.

Според инфoрмациите на Курир, денеска било одобрено и доставено, но, не се знае кога точно ќе почне да се издава од управните служби.
Карактеристично во новото уверение е тоа што не постои македонско државјанство туку граѓанин на Република Северна Македонија.

Освен што се укинува македонското државјанство односно нема веќе термин македонски, карактеристично е тоа што уверението е целосно двојазично при што македонскиот и албанскиот јазик се подеднакво застапени.